Spielwarenmesse: Саем за играчки Нирнберг

Choose language

 

Бизнисот го среќава Spirit of Play

Секоја година во Нирнберг се спојуваат нишките на интернационалните пазари за играчки. Познати трговски марки, оригинални старт-ап компании, купувачи од големи трговски ланци, независни трговци и многубројни претставници од медиумите го прават Саемот за играчки најважен настан на индустријата за играчки. На водечкиот светски саем се остваруваат значајни деловни контакти, се раѓаат трендовите за следната година и се разменуваат најновите информации. А во сето тоа лебди едно големо воодушевување : Доживејте го Spirit of Play на Саемот за играчки во Нирнберг!

Spielwarenmesse Video

Основни информации

29 јануари – 2 февруари 2020

секој ден од 9 до 18 часот

´Претпродажба Благајна
Дневна карта € 19,00 € 30,00
Сезонска карта € 38,00 € 55,00

Exhibition Center Nürnberg
Messezentrum 1
90471 Nürnberg, Deutschland

Контакт

Deutsch-Serbische Wirtschaftskammer
Katarina Anocic
Topličin venac 19 - 21
Beograd, 11000

Telefon: +381 11 2028010
Fax: +381 11 3034780
E-Mail: anocic@ahk.rs

Откријте на водечкиот светски саем

  • 2886 изложувачи од 68 држави
  • од нив 831 изложувачи кои не се застапени на ниеден друг саем
  • повеќе од 67.000 посетители од 132 држави
  • од нив 32.000 посетители кои што доаѓаат само на Spielwarenmesse®
  • 1 милион производи
  • 120.000 новитети

Атракциите во делот посветен на „Реквизити за прослави, карневали и огномети“. Делот наменет за активности во Хала 8 секојдневно нуди модни ревии на кои се презенираат најновите костими, а имате можност и во живо да ја проследите демонстрацијата и практичната примена на реквизитите на модната писта. Различните забавни активности и одличната декорација на просторот исто така ветуваат одлично доживување на живописниот свет на костимите, прославата и забавата.

Од роботи до RC производи до зголемена реалност – развојот на механичките играчки е брз. Просторот за активности Tech2Play во халата 4A ги нуди овие четири категории: Рботи играчки, виртуелна игра, играчки со далечински управувач, електронско учење. Различните категории про просторот за промоции ги охрабрува посетителите не само да пребаруваат, туку и да се вклучат.

Оваа посакувана награда се доделува годишно на иновативни саемски новитети. ToyAward го привлекува вниманието на медиумите и им овозможува на победниците да ги истакнат своите производи во трговијата.

www.toyaward.com

Овде првокласни експерти Ви презентираат драгоцено стручно знаење за Вашето бизнис секојдневие. На кратките бесплатни предавања ќе добиете претстава за пазарите и тенденциите како и практични совети за маркетинг и продажба. Темите кои се менуваат секој ден се објаснуваат преку примери од праксата.

Игри, сложувалки, дрвени играчки, практични производи и алатки коишто се користат во секојдневието (Lifestyle-производи), училишен прибор, ракотворби, лиценцирани производи, ... Саемот за играчки Spielwarenmesse® претставува одлична платформа за инспирација и за пронаоѓање на дополнителни групи на купувачи на Вашите производи. Во делот посветен на книгите ќе добиете и совети и ќе се стекнете со практични вештини (know-how).

Ловците на трендови на Саемот за играчки патуваат низ целиот свет. Нивната интуиција и знаење ја прават основата на новосоздадената интернационална платформа на трендови. TrendGallery во Халата 3А ќе ги претстави структурирано и транспарентно најважните идни струења од индустријата за играчки.

Купување на карти

Дали сте стручен посетител од индустријата за играчки? Посетете го најважниот меѓународен настан во областа на индустријата за играчки.  Ве очекуваме!

Одберете ја Вашата држава:

Ваше лице за контакт директно на лице место

DE International d.o.o. ја претставува Spielwarenmesse eG во Македонија. Таа ги помага македонските компании, кои што сакаат да ги изложуваат своите производи на Саемот за играчки или сакаат да го посетат саемот како стручни посетители.

Сакате

  • Општи информации за Саемот за играчки
  • Поддршка при планирањето и организирањето на Вашиот настап на саемот
  • Да купите влезници или каталози од саемот
  • Информации за можности за патување и сместување на лице место
  • Информации за саемскиот град Нирнберг
  • Брошури и информации за посетители

Контактирајте нè!

Deutsch-Serbische Wirtschaftskammer
Katarina Anocic
Topličin venac 19 - 21
Beograd, 11000

Telefon: +381 11 2028010
Fax: +381 11 3034780
E-Mail: anocic@ahk.rs